Слеј се со тишината/ Разделба
„Разделба“ од Ацо Шопов |
- Не, и ако отидеш кога узреат маслините
- и од глувото пристаниште првиот кораб
- крене,
- ако сетиш некогаш во бурјанот на годините
- како се исчезнува и полека вене, -
- Не, тоа не ќe биде обично разделување
- и една младост попусто измината,
- разделбата ќе прилега на цврсто
- прегрнување
- на некој превој непознат далеку во иднината.