Слеј се со тишината/ Обична улица
„Обична улица“ од Ацо Шопов |
- Мојата улица нема куќи високи,
- ни липи, ни маслини, ни багреми зелени.
- Она понекогаш на мртво дрво личи
- кај случајно ќе слетаат птиците иселени.
- Мојата улица е мала и безимена,
- со обични радости и обични грижи,
- и да нема зеници од сонцето подгорени
- не ќe маже ништо сo светот да ја зближи.
- Низ мојата улица само јас поминувам
- и само навечер штом се успие тишината
- она се буди плашлива и измамена,
- измамена од гласот на далечината.