Слеј се со тишината/ На езеро
„На езеро“ од Ацо Шопов |
- Ледено спокојство. Езерска шир.
- Тишина. Скаменет мир.
- Само во висината,
- во сончевината
- две бели птици сe капат.
- Им бијат врело дамарите,
- играат над шеварите
- се дури нe потемне запад.
- Наеднаш - немош и загинување .. .
- Врз едно невидливо катче од езерото,
- како непозната трпка врз телото,
- помина бледо, лесно разбранување.
- Водата сосема бавно се премрежи
- и пак се потона во камено смирување.
- Koгa ќe ce разбранам и толку развилнеам
- та да се кренам, да стигнам насекаде,
- да давам секому се што ветувам
- и како далга неукротена
- од брег на брет
- мокно да прелетувам?