Слеј се со тишината/ Кон пријателот
„Кон пријателот“ од Ацо Шопов |
- Отпатувај ако ти е мака,
- ако чекаш - отпатувај пак.
- Возот патник во ноќната мрака
- до небето расфрлува траг.
- Светла нитка...како галеб летнат,
- како шепот и сонлив и тих.
- Пријателе, таква нитка светна
- утринава и во твојот стих.
- Пријателе, пријателе, далек,
- пијан одам од копнеж и жед.
- Зар е важно дал не плиска залез
- или зора пo образот блед.
- Светот - свет е, a ти - крв и рана,
- кој гo слути твојот жеден плам,
- и кој слути дека си фонтана
- кога ноќе поминуваш caм.
- Отпатувај ако ти е мака,
- ако чекаш - отпатувај пак,
- Возот - патник во ноќната мрака
- ќе расфрла нов и светол траг.