Слеј се со тишината/ Кон галебот што кружи над мојата глава
„Кон галебот што кружи над мојата глава“ од Ацо Шопов |
- Галебе мој,
- не слетувај на моите очи.
- Ha тие брегови откинати ниеден пристан
- нема.
- Зарони во сите длабочини,
- надлетај над сите височини
- и дај виделина да земам!
- Галебе мој, јас очи веке немам.
- He слетувај на моето срце!
- Галебе мој, срцето не е мое:
- мини низ сите предели неминати,
- крај сите живи, непознати, загинати.
- Загледај во сите осамени, cитe разделени,
- и сите ледени врвои и сите ливади зелени,
- и чуј -
- додека твоето крило над нив морно се вие
- како немирно во нив моето срце бие!
- He слетувај галебе мој,
- врати се пак ва јатото.
- Јас сум лотка, осудена
- на судир со непознатото.