Слеј се со тишината/ Имам пријатели
„Имам пријатели“ од Ацо Шопов |
- Имам пријатели што идат кога сум caм
- и глуво легло на неизвесноста вијам.
- Каде да отидам, каде да залутам, знам –
- никаде од нив себе си не ќe ce скријам.
- Они се божилак, они се прснати капки
- од врв на земјата па за облаците врзани.
- He ќe ги заглушат во мене нивните стапки
- ветровите кон заборав забрзани.
- Ho само еден сo стапки кришум сторени
- ко крадец некој гo граба моето бреме,
- и ги разголува, ги корне моите корени,
- па јас се чувствувам дека сум живот и време.
- Имам пријатели, но само еден така
- и радост носи и светла човечка мака.
- Зар да сум натажен, зар очај да ме фати
- што негде замина и може не ќе се врати?