Слеј се со тишината/ Го барам својот глас
„Го барам својот глас“ од Ацо Шопов |
- Го барам својот глас во молкот див на морето,
- оно се скаменува.
- Во жолтата пустина на есента го барам,
- она зазеленува.
- Моите раце не се мои раце
- (моите раце сo прсти но месечина).
- Моите очи не се мои очи
- (моите очи, очи за далечина).
- Мојот збор е тврда вилица на времето
- што р'ти пo нивјето сo заби на семето.