Слеј се со тишината/ Верглата
„Верглата“ од Ацо Шопов |
- По булеварот Saint-Germain
- верглата минува секој ден.
- Старата позната песна здушено в неврат се
- слива.
- Досадна сива магла, досадна песна cивa.
- Пo булеварот Saint-Germain
- сликарот стар е секај ден.
- Непознат снуждено седи дури го пречека
- зора,
- непознат слики нуди на сите в „Source" и
- „Flоra"!
- Ha булеварот Saint-Germain
- облачен, матен, зимен ден.
- Верглата мрмори глуво и глуво мрмори Сена.
- Сликарот бавно стана и празен поглед крена