Слеј се со тишината/ Ах таа убавина

„Ах таа убавина“

од Ацо Шопов


Ax таа убавина, ax таа убавина,
тоа диво во крвта завивање.
Кине, граба, сече, носи како лавина,
вечна е притаеност и вечно откривање.
Не, не треба починка, не треба смирување,
сето поле пукнало од здравина,
па крвта е моја светло разденување
од таа разгаленост, од таа убавина.

Поврзано

уреди