„ Слана девет педи “

од Македонско народно творештво
Од Банско, Разлошко.

Легнала е Мара, бре леле,
Маро џанам,
пред амбар на софра, бре леле,
Маро џанам,
Мајка Мара буди:
- Стани, Маро, сатани,
чудо да си видиш,
чудо та големо –
слана е капнала,
слана девет педи,
та е ознобила,
ф раната градина,
големото цвете,
па е ознобила,
на голема нива
белата пченица..[1]


Наводи уреди

  1. /files/books/подготвил, Марко Китевски.


Надворешни врски уреди