Славеј пиле рано пее

Славеј пиле рано пее е македонска народна песна.

Текст на песната

уреди
Славеј пиле рано пее
Славеј пиле рано пее
рано пее пред зората,
па ми буди лудо младо,
лудо младо не женето.
Стани, стани лудо младо
да ми одиш врв планина,
таму има до три моми
до три моми Македонки.
Прва мома дрва бери
втора мома оган пали,
втора мома оган пали
трета мома јагне печи.


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Надворешни врски

уреди