Славеј пее на трендафил
Славеј пее на трендафил,
моме седи на пенџере,
нажалено, насрдено,
ем со солзи на очите.
Бог да бие твојта мајка,
што ме даде надалеку,
да не можам да се видам,
ни со мајка, ни со татко.
Ни со мајка, ни со татко,
ни со мојте мили сестри,
ни со моите мили браќа,
ни со моето прво либе.