Сите беа илинденци

Дали знаеш мајко мила
какви синој ти си родила
сите беа Илинденци
сите беа славни борци
за слобода наша мила
се бореа загинаа.

Гоце Делчев млад Кукушанец
Гоце Делчев млад Македонец,
тој бестрашен јунак за слобода,
црна земја рано го покрила,
но в' гради грутка тешка му остана
не ја виде слободна Македонија.

Крушевската Република
прва беше на балканот,
претседател први беше
Никола Карев учителот
бајрак разви тој ја разбуди
свеста кај многу млади Македонци.

Питу Гули војводата
надоен од маки и страдања
крвта своја сам ја пролеа
на Мечки Камен тој храбро падна
славно загина тој на Илинден
на Илинден светол славен.

Со својата верна дружина
тамо горе на Пирин Планина
храбро Јане се бореше
и од срце на глас викаше
напред браќа во борба нерамна
за да живее Македонија.

Поврзано уреди