Свадбарска песна за момчето

„Свадбарска песна за момчето“

од Македонско народно творештво
Македонски свадбени обичаи. Свадбени обредни песни.


Сите сватои јафнае,
зетот го нема да јафнет и,и,и!
Од татка земат прошчање и,и!
-Просто да ти је синко де
Од мене и од Господа и,и!
Сите сватои јафнае,
зетот го нема да јафнет
Од мајка земат прошчање и,и!
Просто да ти је синко де
Од мене и од Господа и,и!
Сите сватои јафнае,
зетот го нема да јафнет, и,и!
Од браќа земат прошчање и,и!
Од браќа земат прошчање
од сета мила роднина и,и1![1]


Наводи уреди

  1. /files/books/Македонска народна лирика - обредни песни],ISBN 9989-32-093-4 Др.Марко Китевски стр.160