Саноќ ле Надо, саноќ не спијам,
пред порти стојам за да те видам.
Очи ми солзат, срце тагува
сè заради наш'та ле Надо пуста разделба.

Излези Надо барем до порта,
за да ти видам белото лице,
белото лице, црните очи
и тие Надо мори гајтан веѓи.

Не можам Ѓорѓи, не можам либе,
не можам на порти да излезам,
порти ми Ѓорѓи мајка затвори,
пенџер ми Ѓорѓи море татко соѕидал.

Татко ти Надо, та и мајка ти
Бог ти ги убил, огин изгорел,
порти ќе турнам, пенџер ќе урнам
и тебе Надо мори ќе земам.

Поврзано

уреди