С' каменички фрлат мамо

С' каменички фрлат мамо
на нашите ќерамиди
дејгиди мила мајко мори
на нашите ќерамиди.

Дал' да одам мила мамо
јас да му отворам
дејгиди мила мајко мори
јас да му отворам?

Немој душо немој ќерко
вечера немаме,
оф мори ќерко, ќерко мори
вечера немаме.

Негова вечера мамо
мојте слатки думи,
оф мори мајко, мајко мори
мојте слатки думи.

Немој ќерко, немој душо
постела немаме,
дејгиди мила ќерко мори
постела намаме.

Негова постела мајко
мојта рамна снага,
оф мори, мајко, мајко мори
мојта рамна снага.

Поврзано

уреди