Решение за забранување трговија со окупираната територија

Решение за забранување трговија со окупираната територија

од АСНОМ
Сл. Весник на Македонија бр.1/45.


Член 1

уреди

Забранува се секое преносење стоки, од секаков вид, од слободната територија на територијата окупирана од Германците.

Член 2

уреди

Изузетно е позволено да се изнесе, со дозволение на НОО, работен добиток нужен за земјоделците од селата блиски до ослободената територија.

Член 3

уреди

Ова решение влегува во сила со денот на објавувањето.

Во с. Горно Врановци

21 октомври 1944 год.


ЗА ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ


Секретар
Вл. Полежина, с.р.


Претседател
Методија Андонов - Ченто, с.р.


Извор

уреди