Реч на Исаија Радев Мажовски – 1888
Реч на Исаија Радев Мажовски од Исаија Радев Мажовски |
Реч одржана на 18 јули 1888 година на паробродот „Рицар” насред реката Днепар во градот Киев, Русија, од Исаија Радев Мажовски од село Лазарополе, Дебарско Македонија. |
Многупочитувани господа и словенски браќа, Дознавме во нашиот крај во Македонија, во Дебар и Кичево, за големиот радосен настан 900-годишнината од покрстувањето на братскиот руски народ од големиот руски кнез св. Владимир и се подготвивме неколкумина од нас да дојдеме во словенската голема Русија за да присуствуваме на овој свечен голем руски празник, но за голема жал не можеме да добиеме паспорти за Русија. Но јас се осмелив и решив да дојдам сам и народот ќе ме испрати со солзи на очи, сожалувајќи дека повеќе луѓе не можат да дојдат во Русија. Јас решив, повторувам, и тргнав ноќно време и цели 30 дена одев, криејќи се од прогонувањето на Турците, и најсетне успеав да дојдам во славна словенска голема Русија. И многу повидни од мене лица од словенска Македонија имаа желба да дојдат во голема братска Русија и да присуствуваат на свечениот празник на 900-годишнина од покрстувањето на рускиот голем братски народ, кој е надежта на сите поробени словенски народи, но не смееја и се плашеа да дојдат, зашто добро знаеја дека ќе бидат фатени и испратени во азиските пустињи.
Многупочитувани господа, Македонскиот старословенски народ уште пред 2.500 години е доведен во Македонија од цар Каран, кој како цар Филип и цар Александар бил чист Словен, не повеќе од 500 години поминаа откако Македонија и македонскиот стар словенски народ се потиснати и се наоѓаат под тешкиот турски јарем. Ние, клетите Македонци, офкаме и плачеме, но никој не сака да не чуе, дури и самите наши браќа ни пречат. Браќа руски Словени,
Да живее велика и силна Русија! Нека сјае руската златна круна како сонцето на небото во веки веков амин! |