- Река газит малој моме,
- бели му се нози,
- в' роци носит кошничица
- полна с' љубичица.
- Се с'рефије мома и момче,
- во тесно сокаче.
- Проговара младој моме,
- на младо јуначе:
- - „Дал' на војска одиш лудо,
- ил' од војска идеш?“
- - „Ни на војска одам, лудо,
- ни од војска идам,
- тук' сум било на ат-пазар
- коња да си купам“.
- Пружи рока, лудој младо,
- качи ме на коња.
- Качи ме на коња лудо,
- однеси ме дома.
- Однеси ме дома, лудо,
- в' шарена одаја.
- В' шарена одаја, лудо,
- на мека постела.
- Татковети поменица,
- мајке одменица.