Расцвети верна љубов во народот

Расцвети верна љубов во народот,
засвети силно в' срца поробени.
Со силен пламен распламти,
со голем оган разгори,
до срца млади и јуначки,
да тргнат во гората.
На ремен танки сабји запашите,
за татковина своја да станите.
Да викниме со глас голем,
да чует Балкан поробен,
големо, мало, станувајте,
оружје земајте.
За наша мила, славна татковина,
за наша мила, слободна држава.
И крвта да си пролејме,
за слободно да живеиме,
од тие неверни тирани,
Турци отоманци.

Поврзано уреди