- Распукала, распукала Шар Планина,
- Ајде, распукала, распукала Шар планина.
- Ми потвати, ми потвати три овчара,
- Ајде, три овчара, три овчара - три чобана.
- Први овчар, први овчар ѝ се моли,
- Пушти мене, пушти мене Шар Планино,
- Имам жена, имам жена што ме жали,
- Ајде, имам жена, имам жена што ме жали.
- Втори овчар, втори овчар ѝ се моли,
- Пушти мене, пушти мене Шар планино,
- Имам сестра, имам сестра - ќе ме жали,
- Ајде, имам сестра, имам сестра - ќе ме жали.
- Трети овчар, трети овчар ѝ се моли,
- Пушти мене, пушти мене Шар планино,
- Имам мајка, имам мајка - ќе ме жали,
- Ајде, имам мајка, имам мајка - ќе ме жали.
- Жена жали, жена жали шест недели,
- Ајде, сестра жали, сестра жали до година,
- Мајка жали, мајка жали, дур до века
- Ајде, мајка жали, мајка жали дур до гроба.