Пуста останала таја контра чета
Пуста останала таја контра чета
што ми поминала низ Богомила,
низ Богомила – за Нежилово,
за Нежилово – село партизанско.
Таму го фанале Трајка Недески,
ми го фанале и го прашале:
– Ај кажи, кажи ваши партизани –
Мицка Козаров , Стоилка Планински ,
Стоилка Планински, Апостоле Чолка?
– И да ги знајам не ги кажујам,
не ги кажујам, клети бре фашисти!
Пушка ми пукна тамо Бела Река,
тамо Бела Река – Солунска Глава,
и ми ја уби млада партизанка,
млада партизанка – Рајна Скопјанка .
Глава пресекоја – в села ја носеја,
в села ја носеја – мајки расплакаја...
Лазо Каровски и Ѓорѓи М. Ѓорѓиев (ур.) „Македонски песни за народноослободителната борба“, Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Скопје, 1980, 237-238 стр.