21 Псалми
22 псалм
од н.п.
23
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

  1 За хоровиот началник, според „Кошута во зора.” Давидов псалм. Боже мој, Боже мој, зошто ме остави? Далеку си од моето спасение, од зборовите на моето офкање.
  2 Боже мој, викам дење, но не одговараш; и ноќе но немам мир.
  3 Но Ти си Свет, Надеж Израелева!
  4 Нашите татковци се надеваа на Тебе, се надеваа и Ти ги избави;
  5 кон Тебе викаа и се спасуваа, на Тебе се надеваа и не се засрамија.
  6 А јас сум црв, а не човек, срам за луѓето и презрен од народот.
  7 Сите што ме гледаат, ми се потсмеваат, ги растегат усните, мавтаат со главата и велат:
  8 „Тој се надева на Господа, нека го избави; нека го спаси, ако го милува!”
  9 Но, Ти ме извади од утробата, Ти ме смири врз мајчините гради.
10 Тебе сум Ти оставен од моето раѓање, од мајчиното крило Ти си мој Бог.
11 Не се оддалечувај од мене, зашто е близу неволјата, а нема никој да ми помогне.
12 Ме опколија многубројни јунци, васански бикови ме опкружија.
13 Своите усти ги отворија на мене, како лав што го раскинува пленот и рика.
14 Се разлеав како вода, ми се разглобија сите коски; моето срце стана како восок, се растопи во мене.
15 Мојата сила се исуши како црепна, и мојот јазик се залепи до непцето; Ти ме фрли во смртниот прав.
16 Кучињата ме опколија; лукав народ ме опкружи. Ги прободија моите раце и моите нозе.
17 Можам да ги пребројам сите свои коски, а тие ме гледаат и ме презираат.
18 Ги поделија моите облеки меѓу себе, и жрепка фрлаа за мојата облека.
19 Но, Ти, Господи, да не се оддалечиш, о моја сило, побрзај ми на помош!
20 Избави ја мојата душа од меч, единствената моја душа - од силата на кучето.
21 Спаси ме од устата на лавот, и од биволските рогови. Ти ме послуша!
22 Ќе го проповедам Твоето име на моите браќа, ќе Те фалам среде собранието.
23 Вие кои се боите од Бога, фалете Го! Славете Го сите од Јакововиот род! Бојте се од Него сите Израелеви потомци!
24 Зашто не го презре ниту ја заборави тагата на натажениот, и не го скри Своето лице од него, туку го чу, кога Го повика.
25 Затоа ќе Те фалам во големото собрание, ќе ги исполнам своите завети пред оние кои се плашат од Него.
26 Бедните ќе јадат и ќе се наситат, ќе го фалат Господа оние што Го бараат: вашето срце нека живее довека!
27 Ќе си спомнат и ќе се обратат кон Господа сите земни краишта; и пред Него ќе се поклонуваат сите племиња на народите.
28 Зашто Царството е Господово, Тој е владетел над народите.
29 Сите богати на земјата ќе јадат и ќе почитуваат; пред Него ќе се поклонат сите, што слегуваат во правта, а што не можат да ја запазат својата душа во живот.
30 Потомството ќе Му служи Нему. Ќе му се раскажува за Господа на идното поколение.
31 Ќе дојдат и ќе им раскажуваат за Неговата правда, на луѓето кои ќе се родат: „Господ го направи ова!”

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse