Проект на Павле Мавроцен за преземање експедиција против Османлиите

За проектот на Павле Мавроцен во 1461 - 1462 година е запишано следното:

Рим (без датум, 1461 - 1562 (?)

Кога ќе бидат разбиени непријателските сили никој не се сомнева дека цела Бугарија, Србија, Босна, Македонија, Епир, Тесалија, Грција или Атика, и Пелопонез веднаш ќе се вратат кон верните, дури веднаш штом војските ќе ги нападнат границите на непријателот, ќе се одметнат и ќе однесат најголема победа над непријателот.

Србите и Босанците, со кои неодамна водев таков разговор, веднаш ќе се одметнат од непријателот и ќе побегнат со дваесет и повеќе илјади вооруженици. Поттикнати од овој пример Тесалиците, Грците (?), Пелопонесците, Епиротите и Македонците, сите ќе се одметнат од непријателот и со повеќе од дваесет илјади вооруженици, заедно со нашите, ќе се втурнат против непријателот.

Извор

уреди
  • Јован Радонић, Ђурађ Кастриот Скендербег и Арбанија и 15 веку - Споменик XCV, Београд, стр. 128-129.