Пред да си умрам, сакам да кажам
за наш'та љубов искрена.
Оф, леле либе, галебче мое
срцево ми го изгоре.
Помниш ли мила, помниш ли драга,
кога се двајца љубевме?
Раката твоја ми ја подаде,
со љубов верна, искрена.
Дење и ноќе плачев за тебе
најповеќе за љубовта.
Оф, леле, либе, галебче мое
срцево ми го изгоре.
Во ноќта кога месец грееше,
а зраци слетаа на тебе,
в' прегратки нежни ние двајцата
на песок чист крај езеро,
а ти трепериш, ах мила моја
и слушаш шум од бранови.
Тоа не се браној, тоа се песни
што пејат само за љубовта.
Кој што се нејќит да се не земит,
тој што се сакет, да се земит.

Поврзано уреди