3 глава Прва книга летописи
4 глава
од н.п.
5 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

 1 Јудини синови беа: Фарес, Есрон, Хармиј, Ор и Совал.
  2 На Соваловиот син Реај му се роди Јат, а на Јата му се родија Ахумај и Лад. Тоа се Саратските родови.
  3 Ова се синовите од таткото Итам: Езраел, Есма и Едвас, а името на нивната сестра и беше Аселелфонија.
  4 Фануил му беше татко на Гедор, а Есер му беше татко на Хус. Тоа беа синови на Ор, првенецот на Ефрат, таткото на Витлеем.
  5 А таткото на Текуј, Асхор, имаше две жени, Ела и Нара.
  6 Нара му ги роди: Ахузам, Ефер, Теман и Ахастар. Тоа се Нарините синови.
  7 Елини синови беа: Серед, Јесоар и Етнан.
  8 На Кос му се родија Анув и Совив и семејствата на Арумовиот син Ахарил.
  9 Јавис беше пославен од своите браќа, и мајка му го нарече Јавис, велејки: „Го родив со болка.”
10 Јавис Го повика Израелевиот Бог говорејќи: „Ако ме благословуваш навистина, прошири го моето подрачје, Твојата рака нека биде покрај мене и запази ме од злото, за да не се измачувам!” Бог го исполни тоа за што Му се молеше.
11 На Суевиот брат Хелув му се роди Мехир; тој беше Естонов татко.
12 Од Естона потекнаа Вет-Раф, Фесеј и Техин, таткото на Ир Нас. Тоа се Рихавови луѓе.
13 А Кенезови синови беа: Готонил и Серај. Готонилови синови: Атат и Меонот.
14 На Меонота му се роди Офра; на Сераја му се роди Јоав, таткото на оние кои што живеат во Долината на Ракотворците, зашто беа дрводелци.
15 Синови на Ефониевиот син Халев беа: Ир, Ила и Нам; Илин син беше Кенез.
16 Јалелеилови синови беа Зиф, Зифа, Тириј и Асареил.
17 Езрини синови: Етер, Меред, Ефер и Јалон; на Етера му се родија Маријама, Самај и Есва, таткото на Естемој.
18 Неговата жена Јудејка ги роди: Јеред, татко Гедоров, Евер, татко Сохов, и Екутил, татко Заноев. Тоа беа синови на Витија, фараоновата ќерка која ја зеде за жена Меред.
19 Синови на Одиевата жена, сестрата на Нам, таткото Келиев, беа: Симон, татко на Гармиецот Јомам, и Махатецот Естемој.
20 Симонови синови беа: Амнон, Рина, Вен-Анан и Тилон. Есеови синови: Зохет и Вен-Зохет.
21 Синови на Јудиниот син Сила беа: Ир, таткото Лихин, Лада, таткото Марисин, и семејствата на платнарската куќа во Вет Асвеин;
22 Јоким и луѓето од Хасива Јоас и Сараф, кои владееја над Моав и се вратија во Витлеем. Но тоа се стари настани.
23 Тоа беа грнчари кои живееја во Нетаим и во Гедера кај царот и беа таму вработени кај него.
24 Симеонови синови беа: Немуил, Јамин, Јарив, Зера и Саул.
25 Негов син беше Салум, а негов син е Мивсам, негов син Мисма.
26 Мисмини синови беа: Амуил, син му, и неговиот син Захур, и неговиот син Симеј.
27 Симеј имаше шеснаесет синови и шест ќерки; неговите браќа немаа многу синови, и сите нивни семејства не беа толку многу колку Јудините синови.
28 Живееја во Вир-Савеја, во Молада и во Асар-Саул,
29 во Вала, во Асем, во Толад,
30 во Ветуил, во Орма, во Сиклаг,
31 во Вет-Мархавот, во Асар-Сусим, во Вет-Виреја и во Сараим. Тоа беа нивни градови до Давидовото царување.
32 А нивни населби беа: Итам и Аин, Римон, Тохен и Асан, пет градови.
33 И сите нивни населби што беа околу тие населби до Вал. Тоа беа нивните станови и нивните племенски родословија.
34 Месовав, Јамлих и Амасиевиот син Јоса,
35 Јоил и Јуј, синот Јосивиев, син на Серај, синот Асилов,
36 Елиоинај, Јаков, Јесохај, Асај, Адил, Есимил и Венај,
37 Зиса, синот Сифиин, син Алонов, син Едаев, син Симриев, син Семаин.
38 Тие именуваните им беа старешини на своите родови, и нивните семејства се размножија многу.
39 Затоа отидоа до Гедор до источната страна на долината за да бараат пасиште за своите стада.
40 Најдоа изобилно и добро пасиште, и широка, безбедна и мирна земја. Бидејќи пред тоа таму живееја Хамовите потомци,
41 Симеоновците, запишани по име, нападнаа во времето на јудејскиот цар Езекија та ги разбија нивните шатори и нивните засолништа. И ги истребија засекогаш, и се населија на нивно место, зашто таму беа пасиштата за нивните стада.
42 Тогаш некои од оние што им припаѓаа на Симеоновите синови, нив пет стотини, излегоа на планината Сир, на чело со Фелатиј, Неариј, Рефај и Озил, Есееви синови.
43 И го погубија Остатокот што беше избегал од Амаликците и се населија таму до денешниот ден.

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse