1 Давид со воените заповедници ги избра за служба Асафовите, Емановите и Једутуновите синови, кои ќе пејат восхитувачки пофалби со гуслиња, псалтири и кимвали; меѓу нив беа изброени луѓето за работа во својата служба:
2 од Асафовите синови: Захур, Јосиф, Нетаниј и Асарил; Асафови синови под раководство на Асаф, кој пееше восхитувачки пофалба по царска наредба.
3 Од Једутун: шесте Једутунови синови: Гедалиј, Сориј, Есаиј, Симеј, Асавиј и Мататиј под управа на својот татко Једутун, кој пееше восхитувачка пофалба со гусле славејќи Го и фалејќи Го Господа.
4 Од Еман: Емановите синови: Вукиј, Матаниј, Озил, Севуил, Еримот, Ананиј, Елијат, Гидалтиј, Ромамти-Езер, Јосвекас, Малотиј, Отир, Мазиот.
5 Сите тие му беа синови на царскиот гледач Еман, кој ги објавуваше Божјите работи за да ја возвиси Неговата сила; а Бог му даде на Емана четиринаесет синови и три ќерки.
6 Сите тие под водство на својот татко Асаф, та Једутун и Еман, пееја во Господовиот Дом, со кимвали, псалтири и гуслиња, по царска повелба.
7 Беа, со нивните браќа, извежбани во пеење на Господови песни, двеста осумдесет и осум, сите беа вешти во тоа.
8 Фрлија жрепки за својата службена должност, најмалиот исто како и најголемиот, учителот како и ученикот.
9 Првата жрепка падна на Асафовиот Јосиф, втората на Гедалиј со неговите браќа и со синовите, нив дванаесет;
10 третата на Захур со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
11 четвртата на Исриј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
12 петтата на Нетаниј со неговите синови и со браќата, нив дванаесет;
13 шестата на Вукиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
14 седмата на Есарил со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
15 осмата на Есаиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
16 деветтата на Матаниј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
17 десеттата на Симеј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
18 единаесеттата на Азереил со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
19 дванаесеттата на Асавиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
20 тринаесеттата на Суваил со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
21 четиринаесеттата на Мататиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
22 петнаесеттата на Еремот со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
23 шеснаесеттата на Ананиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
24 седумнаесеттата на Јосвекас со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
25 осумнаесеттата на Ананиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
26 деветнаесеттата на Малотиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
27 дваесеттата на Елијат со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
28 дваесет и првата на Отир со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
29 дваесет и втората на Гидалтиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
30 дваесет и третата на Мазиот со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
31 дваесет и четвртата на Ромамти-Езер со неговите синови и браќа, нив дванаесет.