45 глава Прва книга Мојсеева
46 глава
од Мојсеј
47 глава


  1 И така, Израел тргна на пат, со сè што беше негово, и стигна во Вирсавеа, па Му принесе жртва на Бога на татка си Исака.
  2 Бог го повика Израела, во ноќно видение: „Јакове! Јакове!” Тој одговори: „Еве ме!”
  3 „Јас Сум Бог, Бог на татка ти. Не бој се да слезеш во Египет, зашто таму ќе произведам голем народ од тебе.
  4 Јас ќе слезам во Египет со тебе и Самиот ќе те вратам ваму; а Јосиф ќе ти ги склопи очите со свои раце.”
  5 И Јаков тргна од Вирсавеа. Израелевите синови ги сместија: татка си Јакова, своите деца и своите жени во колите, што фараонот ги испрати, за да го превезат.
  6 Ги зедоа со себе својот добиток и имотот што го спечалија во Ханаанската Земја, и пристигнаа во Египет - Јаков и сето негово потомство.
  7 Со себе ги доведе во Египет своите синови и внуци, своите ќерки и ќерките на своите синови, сиот свој род.
  8 Овие се имињата на Израелевите синови - на Јакова и на неговите потомци - кои стигнаа во Египет: Јакововиот првенец Рувим.
  9 Рувимови синови: Енох, Фалу, Есрок и Хармиј.
10 Симеонови синови: Емуил, Јамин, Аод, Јахин, Сохар и Саул, син на Хананка.
11 Левиеви синови: Гирсон, Каат и Мерариј.
12 Јудини синови: Ир, Онан, Шела, Фарес и Зара; Ир и Онан умреа во Ханаанската Земја. Фаресови синови беа: Есрон и Амул.
13 Исахарови синови: Тола, Фуа, Јов и Симрон.
14 Завулонови синови: Серед, Елон и Јалеил.
15 Тоа се синовите кои Лија ги имаше со Јакова во Падан Арам, и уште ќерката Дина. И така, ги имаше вкупно триесет и три.
16 Гадови синови: Сифон, Агиј, Суниј, Есвон, Ириј, Ародиј и Арилиј.
17 Асирови синови: Емна, Есуа, Есуј и Верија, и сестра им Сера. Вериеви синови: Хевер и Малхиел.
18 Тоа беа потомците на Зелфа, која Лаван и ја подари на ќерка си Лија. Така, таа му роди на Јакова шеснаесет души.
19 Синови на Јакововата жена Рахила: Јосиф и Венијамин.
20 На Јосифа му се родија во Египетската Земја Манасиј и Ефрем. Му ги роди ќерката на Онскиот свештеник Поти Фер.
21 Венијаминови синови: Вела, Вехер, Асвил, Гира, Нааман, Ихиј, Рос, Мупим, Упим и Аред.
22 Тоа беа Рахилините потомци, кои му ги роди на Јакова - вкупно четиринаесет души.
23 Данов син е Усим.
24 Нефталимови синови: Јасиил, Гуниј, Есер и Силим.
25 Тоа беа потомците на Вала, која Лаван и ја даде на ќерка си Рахила. Таа му роди на Јакова седум потомци.
26 Така сите Јаковови деца, што произлегоа од него и што се населија во Египет - не сметајќи ги жените на Јакововите синови - вкупно беа шеесет и шест.
27 И кон тоа два Јосифова сина, кои му се родија во Египет. Според тоа, сите души на Јакововиот дом, кои се населија во Египет, беа седумдесет.
28 Јаков го испрати Јуда, напред, при Јосифа за да се појави пред него во Гесен. Кога стигнаа во Гесенскиот Крај,
29 Јосиф ја спрегна својата кола и се запати во Гесен - во пресрет на татка си Израел. Стапувајќи пред него, го прегрна околу вратот и така плачеше долго.
30 Тогаш Израел му рече на Јосифа: „Сега можам да умрам, откако видов, со свои очи, дека си жив.”
31 Потоа Јосиф им рече на своите браќа и на татковиот дом: „Ќе отидам и ќе го известам фараонот; ќе му речам: ‘Браќа ми и семејството на татка ми, кои беа во Ханаанската Земја, дојдоа при мене.
32 Тие се луѓе пастири, секогаш се занимаваа со сточарство; ги доведоа со себе своите стада и сè што имаа.’
33 Така, кога фараонот ќе ве повика и ќе ве праша: ‘Со што се занимавате?’
34 Одговорете: ‘Луѓе сме, твоите слуги, кои од почеток досега се занимаваме со сточарство; и ние и нашите предци’, за да ве населат во Гесен. Имено, сите пастири им се одвратни на Египетците.”

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

 

Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


 
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse