Прва книга Мојсеева/ 23 глава
22 глава | Прва книга Мојсеева 23 глава од Мојсеј |
24 глава |
1 Должината на Сбриниот живот беше сто дваесет и седум години.
2 Сбра умре во Киријат Арва, односно во Хеврон, во Ханаанската Земја; и Авраам жалеше за Сбра и тажеше по неа.
3 Потоа Авраам се крена од пред својата покојница и им прозбори на Хетевите синови:
4 „Иако сум јас населен странец меѓу вас, продајте ми земја за гроб среде вас, така да можам да ја изнесам својата покојница и да ја погребам.”
5 А Хетевите синови му одговорија на Авраама и му кажаа:
6 „Послушај нè, господару! Ти си Божји избраник во наша средина. Погреби ја својата покојница во нашиот најдобар гроб. Никој од нас нема да ти го откаже својот гроб, за да можеш да ја погребеш својата покојница.”
7 Тогаш Авраам стана и длабоко им се поклони на месните жители, на Хетевите синови
8 и им рече: „Ако се согласувате со мене да ја отстранам својата покојница и да ја погребам, чујте ме: заземете се за мене пред Саровиот син Ефрон,
9 за да ми ја продаде пештерата Махпела, што му припаѓа нему, а се наоѓа на крајот на неговата нива; нека ми ја продаде, по полна цена, во ваше присуство, во сопственост за погребение.”
10 А Ефрон седеше меѓу Хетевите синови. Потоа Ефрон, Хетеец, му одговори на Авраама, за да чујат Хетевите синови со свои уши - сите што седеа во советот на оној град:
11 „Не, мој господару! Послушај ме! Јас ти ја давам нивата и пештерата што е во неа; ти го подарувам тоа пред сите синови на својот народ. Погреби ја својата покојница.”
12 Авраам им се поклони длабоко на месните жители,
13 а тогаш му проговори на Ефрона, за да чујат месните жители со свои уши: „Ако сакаш, те молам, послушај ме! Ќе ти ја платам вредноста на нивата; прими ја од мене; за да можам да ја погребам таму својата покојница!”
14 Ефрон му одговори на Авраама:
15 „Чуј ме, мој господару: земја во вредност од четири стотини сребреници, што е тоа за тебе и за мене! И така, погреби ја својата покојница!”
16 Авраам се согласи со Ефрона, му исплати онолку, колку што спомна, така што можеа да чујат со свои уши Хетевите синови - четири стотини сребреници, според трговската мера.
17 И така Ефроновата нива во Махпела, спроти Мамвриј - нивата, пештерата и сите дрва што беа во нивата -
18 преминаа во сопственост на Авраама, на очиглед на Хетевите синови, на сите кои седеа во советот на својот град.
19 А тогаш Авраам ја погреба својата жена Сбра во пештерата на нивата Махпела, спроти Мамвриј, а тоа е Хеврон, во Ханаанската Земја.
20 Така нивата и пештерата во неа, преминаа од Хетевите синови во сопственост на Авраама за погребување.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди
Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.
Public domainPublic domainfalsefalse