Појде моме на вода

Појде моме на вода,
Со две стомни шарени.
А беќарчето по неа,
И на моме говори:
"Постој моме, почекај,
Да ти кажам два збора.
Подај ми го бардето,
Вода да се напијам."
Не го фати бардето,
Тук ја фати за рака.

Поврзано

уреди

Надворешна врска

уреди

Музика