Послушајте ме другари
- Послушајте ме другари
- да ви кажам словото,
- на Ѓурѓовден бев затворен
- в' темни црни зандани.
- Во зандани бев измачен
- ниту лебец нит вода,
- а телото покриено
- с' бела риза до земја.
- Немојте да ме мачите,
- јас сум невин како цвет.
- Зло никому не сум сторил,
- свидетел е овој свет.
- Ах, да знае мојта мајка,
- гробот да ми ископа
- и на гробот да напишит:
- „Овде лежит маченик“.
- Маченик е тој за правда,
- за човечки правдини,
- а тој беше Александар
- Караѓуле Охридски.