Посеала баба
- Посеала баба, до три зрна просо,
- цицири, вицири, ци цу цу, до три зрна просо.
- Се зачуди баба, како ќе ги жнее,
- цинцири, минцири, ци цу цу, како ќе ги жнее.
- Повикала баба, три села аргати,
- се зачуди баба, што ќе ги наруча.
- Ми се бркна баба в' десната пазува,
- ми извади баба тригодишна вошка,
- ми навари баба три казани чорба.