Најавувањето (англиски: logging in) не е потребно за прегледување страници, ниту за нивно уредување. Сепак, тоа носи дополнителни можности, и главно се препорачува.

Најавување

уреди

Креирањето на сметка значи да внесете корисничко име (вашето име или прекар) и лозинка. Системот ќе одбие корисничко име кое веќе постои. Сметките се креираат само еднаш. Потоа сте „најавени“. Следниот пат за да се најавите потребано е повторно да го внесете вашето корисничко име зо лозинката за да докажете дека сте истата личност.

Сите измени што ги правите се поврзани со вашето корисничко име. Кога не сте најавени, вашите измени се запишуваат под вашата IP адреса.

Некои МедијаВики проекти формираат фамилија - најавување на еден проект автоматски значи најавување на целата фамилија и истите прилагодувања важат секаде. На Викимедија проектите (како Викиизвор на македонски јазик, Викикниги и сл), најавувањето и прилагодувањата се засебни за сите викија.

Зошто да се пријавите

уреди

Не морате да се најавите за да читате било кое МедијаВики вики. Не морате ниту да се најавите за да уредувате страници, секој може да уредува..

Сепак, се највувањето ви носи неколку придобивки:

  • Другите корисници можат да ве препознаат по вашето корисничко име кога правите промени на страници.
  • Ќе добиете ваша корисничка страница каде може да напишете нешто за вас, како и страница за разговор која може да ја користите за комуникација со други корисници.
  • Можете да означувате промени како ситни.
  • Можете да следите промени на одредени страници кои вие ги сметате за интересни со помош на листа на набљудувани страници.
  • Ако внесете е-поштенска адреса, други корисници можат да ви праќаат е-пошта, но сето тоа останува анонимно, корисникот кој ви ја праќа пораката не ја знае вашата адреса. Не морате да внесете адреса ако не сакате.
  • Можете да преименувате страница.
  • Можете да поставите свои прилагодувања, како:
    • Бројот на страници за приказ во Скорешни промени
    • Фонтови, бои и изглед на страницата, со користење на различни маски.

Како да се најавите

уреди

Прво, осигурајте се дека вашиот прелистувач прифаќа колачиња. Некои прелистувачи прифаќаат или одбиваат колачиња од индивидуални сајтови; ваквите корисници треба да го подесат прелистувачот да прима колачиња од секое вики кое планирате да го користите, како wikipedia.org.

Стиснете на врската Најавете се во горниот десен агол. Ќе ви бидат побарани корисничко име и лозинка. Ако не сте се регистрирале претходно, ќе треба да ја внесете лозинката два пати.

Можете да внесете и е-поштенска адреса, но немора. Оваа адреса не се објавува никаде.

Ако стиснете на полето If you click the box Запамти ја лозинката за повеќе сесии., веќе нема да морате да ја внесувате лозинката за пристап на МедијаВики вики-то од истиот компјутер.

Најавувањето и промена на прилагодувањата се посебни за секое вики. Можете да користите меѓу-вики идентитет со регистрирање на истото корисничко име на секое вики што го користете, ако тоа е слободно.

Проблеми при најавување

уреди

Ако можете да се најавите, но штом се обидете да отворите некоја страница по пораката Успешно најавување сте повторно одјавени, најверојатно настал проблем со колачињата. Ако сте сигурни дека колачињата се дозволени, проверете случајно да не сте го ставиле //mk.wikisource.org во листата на сајтови од кои се одбиваат колачиња (оваа можност е достапна (барем) во Mozilla Firefox, Microsoft Internet Explorer, Opera). Исто така осигурајте се дека датумот и времето на вашиот компјутер се коректно поставени; доколку не се, колачињата може да истечат порано одошто треба.

Што ако ја заборавам лозинката?

уреди

Ако внесете е-поштенска адреса при пријавувањето, или ја поставите во прилагодувањата, на формата за најавување можете да побарате да ви се прати привремена лозинка на таа адреса, која ќе ви дозволи да се најавите. Ако не внесовте е-поштенска адреса или таа истекла, но сте одлучени да добиете пристап до сметката, можеби ќе можете да убедите некој со директен пристап до базата да ви ја поврати лозинката.

Регистрирање

уреди

За да креирате сметка, изберете Најавете се (горен десен агол) и потоа креирајте сметка. На следната форма треба да внесете корисничко име и лозинка. Во горниот дел на формата ќе добиете упатство да извршите една едноставна акција како спам заштита.

Видете Викиизвор:Почетен курс (Регистрирање) за повеќе информации.

Како да ја прилагодите Викиизвор

уреди

Стиснете на мои прилагодувања во горниот десен агол за различни опции како:

  • Промена на лозинка.
  • Промена на маска.

За повеќе видете Помош:Прилагодувања.

Вашата Корисничка страница и Страница за разговор

уреди

Откако ќе се регистрирате, можете да направите ваша корисничка страница и страница за разговор. Кога сте најавени, во горниот десен агол ќе го видите вашето корисничко име. Со кликнување ќе стигнете до вашата корисничка страница, која можете да ја менувате како и секоја друга вики страница.

Исто така имате и Страница за разговор. Можете да ја отворите со кликнување на врската мој разговор, веднаш до вашето корисничко име во горниот десен агол. За повеќе видете Помош:Разговор.

Како да се одјавите

уреди

Можете да се одјавите во било кое време со кликнување на врската одјавете се во горниот десен агол.