Писмо од Стоил Балкански до Георги Раковски

Писмо од Стоил Балкански до Георги Раковски во Белград

од Стоил Балкански
На современ македонски правопис.


Г-н Г.С. Раковски у Белград!


Не знам дали сте известени дека г-н Д. Миладинов, Македонец, по клеветата од битолскиот фанариот и на охридскиот, лежи денеска во темниот мухаметски затвор: за жал, никого не го пуштаат да го види, не очекуваното доаѓа и другиот му брат К. Миладинов пред минатата недела од Загреб, кој, се гледа, откако не успеал да го види наклеветен и тој, пред 4-5 дена ненадејно го грабнуваат и него во галата, од една улица, и го однесуваат без да му ја кажат безбожниците причината. Жално многу и за него, зашто е малку болен. Ние решивме да подадеме арзуал заедно со охриѓаните, та белки еден барем да избавиме од рацете на тие безбожни тирани.

Сум Ваш покорен

Цариград, 9 август 1861 г.

Стоил Д. Балкански