Писмо од Славе Мерџанов до Димитар Мечев
Писмо од Славе Мерџанов до Димитар Мечев од Славе Мерџанов |
Берн, 23 јуни 1898 г. |
Драги мој Димче,
Ми пишуваш дека Русија е таа што ќе ни помогне да се ослободиме. А знаеш ли ти дека таа не може никому да подари слобода, зашто и самата ја нема. Како во Турција, така и во Русија царува апсолутна монархија. Кога Русија би ја истерала Турција од Македонија, би воспоставила своја власт во неа. А за каква власт би станало збор, може да ти го рече тоа рускиот мужик. За развиток на еден народ е неопходна слобода, а слободата не е производ само на силата туку и на нуждата и на свеста. А таква свест може да му вдахне на народот само една авангардна револуционерна организација каква што е нашата. Дали треба да чекаме помош од нашите соседи: Ние ги познаваме нивните волчји апетити. Нивните шовинистички аспирации и завојувачките стремежи се толку погубни за нас. Сити сме од разните покровителства и милости што не вредат ништо. Бидејќи досега дадовме доста жртви за туѓинските интереси, сметам дека треба да се престане со секакво кокетирање со кој било сосед. |