Писмо од Петар Манџуков до Костадин Кирков
Писмо од Петар Манџуков до Костадин Кирков од Петар Манџуков |
од 1898 г. |
Драги Костадине,
Ние знаеме, драги Костадине, дека нашата татковина се разликува по населението од една Бугарија, Грција или Србија, кои се еднонародни земји. Кај нас се настанети повеќе народности и вери. Кај нас има Македонци, Грци, Власи, Турци, Евреи, Албанци, па и по некој Ерменец, а за Циганите да не зборуваме. Затоа ние ќе мораме да водиме сметка за тој факт и нашата борба да ја усогласиме со интересите на сите тие народности. Тоа можеме да го постигнеме само тогаш кога сите тие народности ќе разберат дека слободата не е во тоа како државата се именува, туку кој ја држи власта во неа. Тогаш и нашите муслимани ќе разберат дека не се слободни во турската држава, како што не се слободни Македонците. Во турската држава владеат беговите и агите муслимани, заедно со македонските чорбаџии, на кои исто така им е добро во турската држава како и не беговите, па меѓусебно се почитуваат и ги гонат бедните луѓе. Драги Костадине,
И така, македонското прашање ќе може најдобро и најскоро да се реши само ако ние предците Македонци се кренеме и постојано предизвикуваме безредија. Впрочем, нашиот спас е во револуцијата! Затоа запознај ги нашите другари со ставот на нашиот МТРК и шири ја неговата идеја. Кога јас ќе си дојдам, ќе имаме можност да зборуваме поопширно и да те запознам со напредните идеи на Европа. Ќе донесам со себе доста материјали, кои го објавуваме или сметаме да ги објавиме во интерес на нашата татковина. А сега, до скоро видување. Примете срдечни поздрави ти и нашите другари од мене, вашиот искрен другар и пријател.
|
Извор
уредиЦДИА (Софија, ф. 70, о., АЕ 70-74; Разгледи, Х/7 (1968), стр. 847-851.