Писмо од Димитрија Миладинов до Кукушани – 1857

Писмо од Димитрија Миладинов до Кукушани

од Димитар Миладинов
Напишано на 24 октомври 1857. Уште додека бил учител во Прилеп, Димитрија Миладинов бил поканет од кукушките граѓани да дојде за учител во Кукуш.


Драги,

Со задоволство го прочитав вашето пријателско писмо, и со голема радост разбрав за вашите благородни чувства кон Словенството и за образованието на нашиот народ. Јас скокам од радост кога го гледам вашиот стремеж и љубов спрема нашиот мајчин јазик, и особено заради тоа што мнозина од младинците и свештениците решиле сесрдно да го учат словенскиот јазик, та по неколку месеци да можат да ја служат и божествената служба на стариот наш прадедовски јазик.

Согласен сум со вашиот предлог и во скоро време ќе дојдам.