Писмо од Димитрие Боди до Владан Ѓорѓевиќ (2)

Писмо од Димитрие Боди до Владан Ѓорѓевиќ

од Димитрие Боди
26 август 1892


До Министерството за Надворешни Работи во Белград

Во врска со Вашата телеграма од 24 август о.г., чест ми е да соопштам дека презедов чекори за поблиска информација околу настаните во Костур. Она што се случува во овој град, Господине Министре, по моето скромно мислење може да предизвика далекусежни последици на нашето дело во тој крај, каде досега постигнавме сосема мал успех. За нас сега е важно да се истиснат туѓите пропаганди, а подоцна ќе е лесно. Доволно е да најдеме еден свештеник и неколку луѓе, и работата е свршена. Дознав од свои луѓе дека тамошната општина на своето заседание од 22 август о.г. донесла решение за новата учебна 1892/ 93 година наставата да се држи на македонски дијалект. Дури на градските учители им била дадена задача да направат програма за јазичната настава и изготват привремена граматика на македонски дијалект. До колку наставата во градското училиште се покаже успешна, тогаш на полугодието да се прошири и соседните села: Маврово, Личишта, Тихолишта и Шестово. Една комисија од тројца учители е задолжена да ја почне работата, и таа веќе заседава во Економскиот интернат.

За сега тоа се најновите вести, Господине Министре, во врска со движењето во Костур. Штом ќе дојдам до други новости, веднаш ќе Ви ги соопштам. Повелете и при овој случај примете моја длабока почит.

Димитрие Боди[1]

Белешки

  1. Српски конзул во Битола.


Извор

  • ДА - ДСИП, „П“ одд. „И“ ред 278/ 1892