Пилето ми пее рано на сабајле
- Пилето ми пее рано на сабајле,
- Рано на сабајле, рано пред зори.
- Па ми ја буди младата невеста,
- Младата невеста рано да стане.
- Стани ми, стани ти млада невесто,
- Стани ми, стани, коња ми спремај.
- Коња ми спремај, на пат ќе одам,
- Многу на далку, в'туѓа туѓина.
- Рачај, порачај, ти млада невесто,
- Рачај, порачај што да ти купам.
- Дали пари сакаш или писмо сакаш,
- Ил'ме мене сакаш дома да дојдам.
- Ниту пари сакам, ниту писмо сакам,
- Туку тебе те сакам дома да дојдеш.
- Парите се трошат, писмото се кине,
- А љубовта трае вечно до гроба.