Поздрав... Мајка и син

од Коле Неделковски
крај
Од збирката „Пеш по светот“ пренесена во оригинал на македонско писмо.

Кажи, о мајко, кажи ми
зашто си уста затвори,
дали те болка прободе,
ели ти срце скамене?

Дали па ја те нараниф —
младоста што си оставиф,
низ туги земји заодиф
народни маки загледаф?

Кажи ми, ајде продумај,
кажи ми, што да направам —
земја и свет ке превртам
сал да ти душа оттушам.

Палати ли да издигнам
и слуги, ех да развртам,
за да си младост исплачат
и да си живот закопат.

А низ ниф млада невеста
да цвети и да развива
и с песни, мајко, весели
снежни да крева постели.

Ели да тргам без гајле
бајрак од смеф да развејам
низ тија пусти меани
со мои мили другари?

Ајде, ај не трај прозбори
мајко, на ум ми помогни,
па макар смртта смрштена,
млад да ме од свет откине.

Лулка си глава покреваш,
дочу ли писок разнесен
виде ли земја студена,
борци што стрвно прибира.

Ај сега, поглед заврти
надежда в срце поврати,
ти гледа чедо, одгледа
борец за свидна слобода.


Поврзано

Надворешни врски