Петта книга Мојсеева/ 29 глава
28 глава | Петта книга Мојсеева 29 глава од Мојсеј |
30 глава |
1 Тоа се зборовите на Заветот што Господ му го пропиша на Мојсеја за да го склучи со Израелците во Моавската Земја, освен Заветот што го склучи со нив на Хорив.
2 Мојсеј го свика сиот Израел па им рече: „Видовте пред свои очи, сè што им стори Господ, во Египетската Земја, на фараонот, на сите негови службеници и на целата негова земја:
3 големите искушенија што ги видоа твоите очи, силните знаци и чудеса!
4 Ама Господ не ви даде до денес разум за да сфатите, очи за да гледате, ни уши за да слушате.
5 Ве водев низ пустината четириесет години; облеката на вас не се искина ниту обувките на вашите нозе се скинаа.
6 Леб не јадовте; вино ни друг опоен пијалак не пиевте, за да би сте знаеле дека Јас Сум Господ, ваш Бог.
7 Кога стигнавте на ова место, Сихон, царот есевонски, и Ог, царот васански, излегоа пред нас на бој, ама ги поразивме.
8 Ја зазедовме нивната земја па им ја дадовме во наследство на Рувимовците, Гадовците и на половината од Манасиевото племе.
9 Пазете ги и вршете ги зборовите на овој Завет, за да успевате во сè што ќе преземете.
10 Денес сите стоите пред Господа, својот Бог, вашите племенски главатари, вашите старешини и вашите надгледувачи, сите Израелеви мажи,
11 вашите деца, вашите жени, и придојденикот, кој е во твојот логор - од оној, кој ти сече дрва до оној, кој ти носи вода -
12 за да стапите во Завет со Господа, својот Бог, во Завет, потврден со заклетва, што Господ, твојот Бог, го склучува денес со тебе,
13 за да направи денес од тебе Свој народ, и Тој да ти биде Бог, како што ти рече и како што им се заколна на твоите татковци: на Авраама, Исака и Јакова.
14 И не го склучувам денес овој Завет со заклетва само со вас,
15 туку и со секој, кој стои денес тука со нас пред Господа, нашиот Бог, и со секој, кој не е денес тука со нас.”
16 „Самите знаете како престојувавме во Египетската Земја и како поминавме среде народите низ кои требаше да пропатуваме.
17 Ги видовме: нивните расипаности, нивните идоли од дрво и камен, од сребро и злато, што ги имаа.
18 Нека нема меѓу вас маж ни жена, род ни племе, чие срце би се одвратило од Господа, нашиот Бог, па да оди и да им служи на боговите на оние народи. Нека нема меѓу вас корен што ќе раѓа отров и пелин.
19 Нека никој, откако ќе ги чуе зборовите на ова проклетство, не се надева на благослов, велејќи во своето срце: ‘Без оглед на тоа, ќе бидам среќен, дека ќе можам да одам според жестокоста на моето срце.’ Тоа би го погубило ситиот заедно со гладниот.
20 На таквиот, Господ никогаш нема да му прости, туку Господовиот гнев и јарост ќе се излеат врз тој човек, така што секое проклетство, запишано во таа книга, ќе падне на него, па Господ ќе го избрише неговото име под небото.
21 Според сите проклетства на Заветов, запишани во книжниот свиток на овој Закон, Господ ќе го отстрани, за негова пропаст, од сите израелски племиња.
22 Идното поколение, вашите синови по вас, и странците кои ќе дојдат од далечни земји, кога ќе ги видат лошотиите на оваа земја и болестите, што Господ ќе ги пушти на неа, ќе речат:
23 ‘Сета негова земја е само сулфур и сол; ниту се сее нешто ниту никнува нешто; никаква тревка не расте на неа; еднаква е на разурнатиот Содом и Гомор, Адма и Севоим, што Господ ги разурна во Својата лутина и гнев.’
24 И сите народи ќе се прашуваат: ‘Зошто Господ и направи вака на оваа земја? Каква ли беше жестокоста на тој силен гнев?’
25 Тогаш ќе им се рече: ‘Зашто го оставија Заветот што Господ, Бог на нивните татковци, го склучи со нив кога ги изведе од Египетската Земја;
26 и бидејќи отидоа да им служат на други богови и им се клањаа ним, на боговите кои не ги познаваа и кои Тој не им ги одреди.
27 Затоа Господовиот гнев се излеа на оваа земја, и на неа падна сето проклетство запишано во овој книжен свиток.
28 Господ ги откорна од нивната земја во лутина, во расрденост и во голем гнев, па ги фрли во друга земја. Така е и денес.’
29 Што е скриено, Му припаѓа на Господа, нашиот Бог, а објавата нам и на нашите синови засекогаш, за да ги вршиме зборовите на овој Закон.”
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди
Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.
Public domainPublic domainfalsefalse