23 глава Петта книга Мојсеева
24 глава
од Мојсеј
25 глава


   1 „Кога некој ќе земе жена и ќе постапи со неа како маж, а потоа открие на неа нешто неубаво, па таа веќе не наоѓа милост во неговите очи, и тој и напишува разводно писмо, и го дава во раката и ја истерува од својата куќа.

  2 А таа откако ќе излезе од неговата куќа, отишла и се омажила за друг маж,

  3 па му стана замразена и на тој втор, па и тој и напишува отпусно писмо, и го дава и ја истерува од својата куќа - или ако умре тој што ја зел втор

  4 тогаш, бидејќи така се онечистила, не може пак да ја земе оној прв маж, кој ја беше отпуштил. Тоа би било одвратно пред Господа, и не смееш да ја вовлекуваш во грев земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство.

  5 Ако некој штотуку се оженил, нека не оди во војската; нека не му се доделува никаква служба, туку ослободен, нека остане дома една година, за да ја развеселува жената што ја довел.

  6 Нека не се зема во залог мелница, ни горниот ни долниот дел; па со тоа би бил земен во залог самиот живот.

  7 Ако се најде некој да грабне некого од своите браќа Израелци па постапува со него како со роб или ако го продаде, тој грабнувач нека биде погубен! Така ќе го откорнеш злото од својата средина.

  8 Ако се појави лепрата, внимавај да пазиш и вршиш грижливо сè она што ќе ве поучат левитските свештеници. Пазете и вршете го тоа што им наредувам ним.

  9 Спомнувај си што и стори Господ, твојот Бог, на Маријам на патот, кога излеговте од Египет.

10 Кога на својот ближен му даваш каков и да е заем, не влегувај во неговата куќа за да му земеш залог.

11 Стој надвор, а човекот кому си му дал заем нека ти го изнесе залогот надвор.

12 А ако е тој сиромав, не легнувај со неговиот залог;

13 при зајдисонце треба да му го вратиш залогот, за да може тој да спие во својата наметка и да те благословува тебе. Тоа ќе ти биде добро дело пред Господа, твојот Бог.

14 Не го онеправдувај јадниот и бедниот наемник, било да е тој твој сонародник или придојденик од некој град во твојата земја.

15 Секој ден давај му ја заработката пред зајдисонце, зашто е беден и воздивнува по неа. Така не ќе извика против тебе кон Господа, и не ќе согреши.

16 Нека не се осудуваат на смрт татковците заради синовите ниту синовите заради татковците; нека секој гине заради својот грев.

17 Не ја извртувај правдата на придојденикот ни на сирачето, и не земај ја во залог облеката на вдовицата.

18 Спомни си дека беше робје во Египет, и дека оттаму те избави Господ, твојот Бог, затоа ти налагам да ја вршиш оваа заповед.

19 Кога жниеш жито на својата нива па заборавиш некој сноп на нивата, не се враќај по него; нека остане на придојденикот, на сирачето и на вдовицата, за да те благослови Господ, твојот Бог, во секој потфат на твоите раце.

20 Кога еднаш ќе ги исчукаш своите маслинки, не пребарувај веќе зад себе; нека им остане тоа на туѓинецот, на сирачето и на вдовицата.

21 Кога ќе го обереш своето лозје, не дособерувај го зад себе; нека им биде тоа на придојденикот, на сирачето и на вдовицата.

22 Спомни си како беше роб во Египетската Земја; затоа ти заповедам да ја вршиш оваа повелба.”

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

 

Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


 
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse