Песните на востаникот

Песните на востаникот

од Атанас Раздолов

Така в срцето македонско
б орбата ние да ја прогласиме
меѓу племе анадолско
знамињата да ги развееме.

Да покажеме на турчинот
на цинцарот и на гркот
на бугаринот, на србинот
и на сите што нè бркаaт.

Дека не тежнееме за корони
за царштина и за слава
нема ние да да сме барони
в македонската држава.

Но се трудиме да воведеме
братство, еднаквост, слобода!
се трудиме да создадеме
љубов мила во народот!

Се трудиме и веруваме
дека во борбата ќе успееме:
надежта не ја губиме
песна наскоро ќе запееме.