Песна за папратот

„Песна за папратот“

од Македонско народно творештво
Македонски свадбени обичаи. Свадбени обредни песни.


Девојко мори девојко!
Папрат је жива разделба и-и-и!
Папрат је жива разделба,
од татка ќе те оделит и-и-и!
Од татка ќе те одељит,
од мајка ќе те одељит и-и-и!
Од мајка ќе те одељит,
од браќа ќе те одељит и-и-и!
Од браќа ќе те одељит,
Од сестри ќе те одељит и-и-и!
Од сестри ќе те оделит,
и од сета мила роднина, и-и-и![1]


Наводи

уреди
  1. /files/books/Македонска народна лирика - обредни песни],ISBN 9989-32-093-4 Др.Марко Китевски стр.136