Песна за Крушевската република

Многу крвја многу солзи,
земја натопија,
многу лисја гора смени
машка снага испи,
но по таја борба тешка
слобода ни бликна.
Во илјада деветсто и третата година,
се создаде република во славно Крушево,
македонска република прва на Балканот.
Претседател први беше
тој Никола Карев,
со македонски војводи сите Илинденци,
Даме Груев, Питу Гули и
Јане Сандански.
За слобода загинаја славните војводи
на Македонците завет оставија,
да се борат за слобода,
за Македонија.

Надворешни врски

уреди