Пелин ми се пољуљава

Пелин ми се пољуљава [х2]
пољуљава, заљуљава. [х2]
Дали ми го ветер вее [х2]
или ми го роса роси? [х2]
Сама Рада под пелина, [х2]
пелин крши китки кити. [х2]
Да ги дава на момците, [х2]
на момците чуждинците. [х2]
За да пукнат тукашните, [х2]
тукашните Охридските. [х2]
Ако пукнат нека треснат, [х2]
мене не ми е ништо гајле. [х2]

Поврзано

уреди