Партизан се за бој спрема
- Партизан се за бој спрема,
- носи пушка на рамо, на рамо.
- Збогум мајко, збогум татко,
- Збогум мила сестрице, сестрице.
- Јас отидов на далеку,
- на далеку в планина, в планина.
- Едно утро писмо стигна,
- мисли мајка син пише, син пише.
- Во писмото два-три збора:
- „Син ти, мајко, загина, загина.
- Тој ни беше верен другар
- и одличен партизан, партизан.
- Кога борба се водеше,
- тој сè напред тргаше, тргаше.“
- Васил Хаџиманов „Македонски народни борбени песни“, „Кочо Рацин“, Скопје, 1960, 101 стр.