Ој кажи, кажи моме Калино
- Ој кажи, кажи моме Калино,
- што ти се јаде?
- Мене ми се јаде печена погача,
- од мома замесена.
- Ој кажи, кажи моме Калино,
- што ти се јаде?
- Мене ми се јаде печена кокошка,
- уште непроносила.
- Ој кажи, кажи моме Калино,
- што ти се пие?
- Мене ми се пие тригодишно вино,
- три пари преточено.
- Ој като зема дренова тојага,
- уште неокастрена,
- три пати ќе удра, един пат ќе броја,
- па да видим' што ти се пие!