- Ој девојче, девојче,
- ти тетовско јаболче.
- Покажи белото лице,
- сакам да го видам јас.
- Море момче, бре будало,
- убаво јабанџиче.
- На фурна бело симитче
- зарем не си видел ти?
- Ој девојче, девојче,
- ти тетовско јаболче.
- Покажи црните очи,
- сакам да ги видам јас.
- Море момче, бре будало,
- убаво јабанџиче.
- В' чаршија црните веѓи
- зарем не си видел ти?
- Ој девојче, девојче,
- ти тетовско јаболче.
- Покажи т'нката снага,
- сакам да ја видам јас.
- Море момче, бре будало,
- убаво јабанџиче.
- В' градина т'нка топола
- зарем не си видел ти?