Ој Недо, Недо, земи ме Недо

Ој Недо, Недо, земи ме Недо.
Ако не ме земиш Недо,
Ветрот ќе те земе, кучке,
Што мана ми најде.
И ние сме Недо мори, луѓе чорбаџии,
И ние имаме Недо, големо богатство.
Од жаба нога Недо, цела пастрма,
Од глувче меше Недо, полно е со вино.
Па се надеваме Недо,
Свадба да правиме, кучке,
Тебе да земиме.
И ние сме Недо мори, луѓе чорбаџии,
Едно рало гаѓи Недо, деветмина браќа,
Едниот ги слек'ва Недо, другиот-облек'ва.
Па се надеваме Недо,
Свадба да правиме, кучке,
Тебе да земиме.

Поврзано

уреди

Надворешна врска

уреди

Музика